Резултати во живо | Фудбал Rezultati vo zivo | Fudbal

Премиер ЛигаЛа ЛигаБундеслигаСерија АЛига 1
ДенесВо живоВчераУтре
epl results

Спортски резултати во живо

Услугата спортски резултати во живо на Rezultati.mk има понуда од преку 1000 фудбалски лиги, купови и турнири, а исто така нуди и табели на лиги, стрелци на голови, резултат на полувреме, црвени и жолти картони, аларм за голови и други фудбалски информации во живо. 

Благодарение на овој сервис, вие со звук ќе бидете известени за сите избрани натпревари, за нивните промени, како и за конечните резултати.

Оваа услуга, автоматски се ажурира, така да немате потреба да ја освежувате страницата.

На сајтот на Rezultati.mk засега можете да најдете информации со конечните бројки за фудбал, кошарка и ракомет. Наскоро овој сервис ќе понуди информации и за останатите помалку познати спортови.

Често поставувани прашања

Дали вашата услуга е сигурна?

Секако, нашата страница користи сертификати за безбедност. Освен тоа, во никој случај ние нема да ви побараме податоци од кредитна или дебитна картичка, па така ве уверуваме дека нема потреба да бидете загрижени.

Како собирате спортски податоци?

Податоците се собираат преку центри наменети за тоа кои работат 24 часа и тоа 7 дена во неделата. Поради тоа ви гарантираме точни и брзи информации во живо.

Зошто многу често се случуваат грешки?

Нашата цел е да се обезбедат промените во резултатите што побрзо. Меѓутоа, како и во секоја сфера, така и во оваа се случуваат грешки. Понекогаш стрелецот на голот е во офсајд, а судијата не го забележал тоа веднаш, па кога ќе ја поправи грешката, тоа ќе го поправиме и ние.

Резултати и спортско кладење

Резултатите и спортското кладење имаат нераскинлива врска. Практично спортското кладење е возможно само со резултатите, бидејќи на тој основ се врши и исплатата.

Видови резултати – фудбал

  • Конечен исход – Резултатот на конечен исход е всушност и крајниот резултат на еден натпревар.
  • Полувреме/крај – Овој вид на резултат се бројките на полувреме и бројките на крај.
  • Вкупно голови – Вкупната бројка на постигнати погодоци го даваат резултатот на вкупно голови.
  • Тимови – Во зависност од тоа што сте изиграле, понекогаш се важни и погодоците на тимовите поединечно. На пример Т22+, треба гостинскиот тим да постигне најмалку два или пак ГГ, тоа е кога очекуваме по најмалку еден гол на двете страни.

Резултати за кладење во живо

За кладење во живо резултатите се познати одма по завршувањето на натпреварот или се користат ажурираните за утврдување на победничките резултати. Па така може добивката да ви биде исплатена, а натпреварот да не е завршен.

Кај кладењето во живо се применуваат „општи правила за кладење“ со кои се вреднува играта. Но постојат и исклучоци, тоа се посебен тип на уплати. Тие најчесто се опциите кои се достапни во текот на натпреварот како на пример кој ќе постигне следен гол, картон и слично.

Резултати во живо

Резултатите во живо како што е познато се користат за веќе започнати натпревари и тука се прикажува моменталниот резултат. Освен тоа, во оваа категорија се следат сите промени како жолт картон, црвен картон, замена итн. Во појаките лиги овие информации се понапреднати, па се дава знак за голема шанса, ВАР итн.

Опција само конечен резултат

Доколку сте љубител на кладењето на послабите и помалку познатите лиги, тогаш многу често ќе се соочувате со опцијата само конечен резултат. Практично тоа значи дека вие не може да следите колку е моменталниот резултат, туку се впишува само конечниот резултат откако ќе заврши натпреварот.

Scroll to Top